Турчин гризнал и удрил полицаец на хрватско-српската граница
Хрватската полиција уапсила 62-годишен турски државјанин за напад и повреда на полицаец на граничниот премин Бајаково со Србија, јавија локалните медиуми. Според информациите, Турчинот прво го удрил, а потоа и го гризнал полицаецот.
Осомничениот е пренесен во притвор од еден месец, а добил кривична пријава, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил на 28 август за време на гранична контрола на „Бајаково“, кога 62-годишниот човек одбил да му ги предаде своите документи на цариник, кој ги повикал полицајците. Турчинот исто така ги одбил нивните наредби, а потоа удрил еден од полицајците со рака во телото.
„За да го одбијат нападот врз себе и да спречат отпор, полициските службеници употребиле средства за присила врз осомничениот, но тој продолжил да се спротивставува и го каснал истиот полицаец за рака“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студено утро, па сончево и релативно топло…
Времето денеска ќе биде со ведро и…
Сомнеж за чума во Сибир: Почина лабораториска…
Сомнеж за чума во Сибир: почина лабораториска…
Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз…
Дел од улиците и булеварите во Скопје…
Советникот на Путин: На Европа ѝ е…
На Европа ѝ е потребна руска енергија…
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…