Агенцијата за обезбедување блиска до Томовски доби нови 29,5 милиони за обезбедување на Министерството за социјална политика, демографија и млади

t

Спорната агенција за обезбедување Пратеориан, за која веќе имаше бројни реакции во јавноста поради роднинска поврзаност со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, доби уште еден тендер за обезбедување на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Договорот е склучен на 09.07.2025.

На јавниот повик се пријавиле четири компании.

Еден месец физичко обезбедување чини 2 милиони денари, стои во финансиската понуда од Праеториан.

Претходно РСЕ објави документи за поврзаност на сопственикот на Праеториан со Ивица Томовски.

Адресата на која е регистрирана подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ е на улица 7-ми ноември бр. 262 во Охрид.

Сепак, симптоматично е што на оваа адреса се наоѓа седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик e Дарко Гашиќ, кој пак е прв братучед на директорот на СОЗР Ивица Томовски.

Увид во сопственоста на компанијата „Гашо Пласт“ и адресата каде е регистрирана во Охрид

Реакција имаше и од СДСМ.

-Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистрирано фирма на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил уапсен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство? Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати, рекоа од СДСМ на прес-конференција.

Костовски изнесе податоци и за уште скандал, кој, како што вели, е поврзан со Томовски.

-Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога? Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски? И конечно, дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат држаните институции и ќе се перат пари? Исто како во време на режимот, истакнаа од партијата.

СДСМ бара итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија за овој скандалозен тендер вреден 3,5 милиони евра. Исто така бара Владата да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата.

Директорот на СОЗР ги негираше тврдењата на „Бихаќка“ дека постојат негови роднински врски со сопствениците на избраната компанија за обезбедување на државните објекти. Томовски жали што, како што вели, наместо да се нагласи заштедата од 30 милиони денари за државниот буџет, што не било случај во минатото, јавноста се дефокусира со неосновани обвиненија адресирани на негова сметка. Директорот на СОЗР уверува дека компанијата „Праеториан“ на никаков начин не е поврзана со него, ниту му припаѓа на некој него роднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агенцијата за обезбедување блиска до Томовски доби…

Спорната агенција за обезбедување Пратеориан, за која…

Филипче: Албанија и Црна Гора напредуваат кон…

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ),…

Со финансов директор политиколог ЕСМ стана најголем…

Лошите кадровски политики на власта очигледно вродија…

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени…

Прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија…