Објавено на:

Семејството Трамп заработи шест милијарди долари преку лансирање на сопствена криптовалута

t

Семејството на Доналд Трамп стекна дури шест милијарди долари откако нивниот крипто-проект отвори тргување со нова дигитална валута наречена World Liberty Financial (WLF) пишува Волстрит журнал.

Семејството Трамп поседува околу една четвртина од сите постоечки токени на оваа криптовалута. Тројца од синовите на Трамп, Доналд Трамп помладиот, Ерик Трамп и Барон Трамп се коосновачи на „World Liberty Financial“, додека претседателот е назначен за „почесен коосновач“.

Иако World Liberty тврди дека токените на основачите и членовите на тимот остануваат „заклучени“ и не можат да се продадат, почетокот на тргувањето овозможува пазарна проценка на нивните удели, кои претходно се базираа на приватни продажби.

World Liberty е основана минатата година додека Доналд Трамп беше во претседателската кампања, објавувајќи дека ќе ја направи „Америка повторно голема, овој пат со криптовалути“.

Според податоците од CoinMarketCap, тргувањето со токени започна во понеделникот, кога една милијарда долари беа разменети во рок од еден час.

Цената, исто така, носи премија во однос на 1,5 центи што инвеститорите ги платија минатата година кога купуваа токени директно од World Liberty. Ова го прави уделот на семејството Трамп вреден повеќе од шест милијарди долари на хартија.

Сепак, како што истакнува британски Индепендент, овој нов потфат не е без ризик, бидејќи продажбата дури и на мал број токени може да предизвика пад на цените.

Некои стравуваат дека World Liberty создава можност за влијание врз семејството Трамп и инвеститорите, кои би можеле да го користат овој канал за да побараат помош од администрацијата на Трамп.

Сепак, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека „ниту претседателот ниту неговото семејство никогаш не биле, ниту пак некогаш ќе бидат вклучени во конфликт на интереси“.

Освен World Liberty, компаниите на Трамп ја контролираат и таканаречената „мемекоин“ наречена $Trump, која вреди неколку милијарди долари. Семејството на Трамп поседува и малку повеќе од половина од Trump Media, која ја управува неговата социјална мрежа Truth Social. Trump Media купува и држи криптовалути, а вредноста на тој удел е 2,5 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејството Трамп заработи шест милијарди долари преку…

Семејството на Доналд Трамп стекна дури шест…

Нов протест пред Филозофскиот факултет во Нови…

Новосадските студенти во блокада и граѓаните, се…

Левица: Чекаме министерот Тошковски да излезе од…

Граѓаните на Аеродом и Скопје од денес…

Ќе има ли истрага за Лајонес? –…

За бескрупулозноста на наведената група на Маркетери…

Вучиќ: Го замолив Путин да ни понуди…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес…