Нов земјотрес го погоди Авганистан, бројот на загинати надмина 1.400 лица
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе југоисточен Авганистан, два дена откако во земјотрес со јачина од 6 степени во истиот регион загинаа повеќе од 1 400 луѓе и повреди илјадници, пренесува Ројтерс.
Земјотресот што во неделата се случи во Авганистан се смета за еден од најлошите земјотреси што се случил во земјата во последните години, срамнувајќи со земја цели села во регионот.
Сè уште не е познато колкава штета е предизвикана од денешниот земјотрес.
Земјотресот предизвика и паника меѓу населението бидејќи предизвика одрони по планините, а дополнително го прекина сообраќајот на патиштата. Тешко пристапниот терен сериозно ги попречува спасувачките екипи да стигнат до изолираните села во планинскиот регион.
Според Забихула Муџахид, портпарол на администрацијата на Талибанците, досега загинале најмалку 1 411 луѓе, 3 124 се повредени, а повеќе од 5 400 куќи се уништени.
Според авганистанската Црвена полумесечина, хуманитарна организација што работи во регионот, веројатно повеќе луѓе се заробени под урнатините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов земјотрес го погоди Авганистан, бројот на…
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според…
Најмалку 500 луѓе загинаа во земјотрес во…
Најмалку 500 луѓе загинаа во Авганистан откако…
(Видео) Жена се спасува криејќи се под…
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени…
Повеќе од 10 силни земјотреси ја погодија…
Повеќе од 10 земјотреси со интензитет помеѓу…
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според…