Најмалку 15 жртви по излетувањето од шини на познатиот трамвај „Глорија“ во Лисабон

t

Во Лисабон е прогласена тридневна жалост за да се оддаде почит на жртвите и да се изрази сочувство до нивните семејства.

Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени откако познатиот трамвај „Глорија“ во Лисабон излета од шините, пренесуваат странските агенции. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила околу 18 часот во близина на авенијата Либердаде, една од главните улици во португалската престолнина. Се верува дека 43 лица биле во возилото во тој момент. Се уште не е познато дали загинатите биле португалски државјани или туристи.

Вкупно 59 спасувачи со 21 возило биле испратени на местото на несреќата, соопшти Цивилната заштита.

Од Јавното транспортно претпријатие „Карис“ од Лисабон за Си-ен-ен Португалија изјавиле дека нивните тимови се на терен и дека „сите ресурси се активирани“ за справување со последиците од несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 15 жртви по излетувањето од шини…

Во Лисабон е прогласена тридневна жалост за…

Оштетен автомобилот на новинарот Насер Селмани –…

Новинарот Насер Селмани на својот Фејсбук профил…

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да и помогнеме на…

Огранизацијата Павел Андреев со нов апел за…

Макрон: Подготвени се безбедносните гаранции за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека безбедносните…

Повеќе од 54 милијарди евра странски инвестиции…

Дипломатските претставници имаат клучна улога како први…