Зеленски: Добро е што Русија почна да зборува за средба
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори на поканата на рускиот колега Владимир Путин мировните разговори да се одржат во Москва.
– Нашите американски партнери ми кажаа дека Путин ме поканил во Москва и верувам дека со тоа тој всушност сака да избегне средба, истакна Зеленски на прес-конференција по Самитот на Коалицијата на подготвените во Париз.
Тој додаде дека е добро што Русија почнала да зборува за средба.
Русија почна да зборува за средба, што не е лошо. Но, засега не ја гледаме нејзината желба за завршување на војната, наведе Зеленски.
Путин вчера во Пекинг е подготвен да се сретне со Зеленски, но под услов средбата да се одржи во Москва.
– Нека Зеленски дојде во Москва и ќе има средба. Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него, посочи Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Добро е што Русија почна да…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори…
Путин: Одлуката на Кина за безвизно патување…
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со…
Москва: Мерц е опседнат со идејата за…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, земајќи ги предвид…
Лавров: За мир во Украина потребно е…
За трајно решение на украинското прашање, потребно…
Кремљ: Се надеваме дека Трамп се шегува
Кремљ ја прочита пораката на американскиот претседател…