Левица ги објави кандидатите за градоначалници во скопските општини
Денес Левица го најави вториот бран кандидати за претстојните локални избори – личности со висок професионален кредибилитет и силна посветеност кон јавниот интерес.
Кисела Вода – проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарски факултет, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.
Ѓорче Петров – адвокат Александар Димитријевиќ, борец за социјална правда и координатор на Трудовиот сектор на Левица.
Карпош – Антонио Димитров, директор на КИЦ Скопје, кој донесе богата и разновидна културна програма за Скопје.
Гази Баба – Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании.
Аеродром – Марјан Димитриев, дипломиран економист и консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.
Левица настапува со луѓе подготвени за предизвикот, чесно и одговорно водење на општините!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица ги објави кандидатите за градоначалници во…
Денес Левица го најави вториот бран кандидати…
Левица: Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски ги…
Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски, деновиве во…
Мојсоска: Пакетот закон за млади е последен…
На денешната собраниска седница, пратеничката од Левица Јована Мојсоска…
Не се изгласа пакетот закони поднесен од…
Власта е глува пред крикот на младите…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…