Нов силен земјотрес го погоди источниот дел на Авганистан
Доцна синоќа повторно тлото повторно се тресеше силно во Авганистан само неколку дена откако катастрофален земјотрес го погоди источниот дел од таа држава.
Според Американскиот геолошки центар, земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени и се случил во источната покраина Кунар на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствувано и во Кабул, но засега нема извештаи за жртви или штети.
Источниот дел на Авганистан во изминатите денови постојано е погоден од силни земјотреси. Непосредно пред полноќ во неделата, почетниот земјотрес со јачина од 6 степени се случи на длабочина од осум километри. По него следеа бројни последователни потреси и уште еден силен во четвртокот навечер.
Владејачките талибанци и авганистанската Црвена Полумесечина пријавија околу 2.200 мртви и повеќе од 3.600 повредени.
Спасувачките операции се уште се во тек.
Многу погодени области се тешко достапни, според хуманитарните организации, што ја комплицира итната помош и закрепнувањето на жртвите. Хјуман рајтс воч, исто така, забележа дека обемните ограничувања за жените под власта на талибанците ја отежнуваат итната помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Талибанците одбележуваат 5 години повторно на власт,…
Талибанските власти и други официјални лица се…
2,4 милиони девојчиња исклучени од образование во…
Околу 2,4 милиони девојчиња во моментов се…
17 лица загинаа во поплави, лизгање на…
Најмалку 17 лица загинаа, а 26 се…
Пакистан го нападна Кабул, прогласи „отворена војна“…
Пакистан изврши воздушни и копнени напади врз…
Пакистан изврши воздушни напади во Авганистан, има…
Пакистан рано утрово започна воздушни напади во…