Драма во Чаир, имало и пукање: Полицијата спречи разбојници да ограбат маркет

t

Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар.

Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух. По преземените мерки, од слобода се лишени А.Х. и Е.А., а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…

Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…