Честитка од претседателот на Собранието по повод 8 Септември: „Овој завет нѐ обврзува да изградиме силна, демократска и стабилна држава“
Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, на сите граѓани им ја честитам 34-годишнината од нашата независна држава, порача Африм Гаши Претседател на Собранието на Македонија.
,,Денот на независноста е посебен момент, можност да се потсетиме на големите достигнувања на нашата држава и да не потсети дека независноста не е само подарок, туку завет наследен од минатото, обврска за сегашноста и водич за иднината. Овој завет не обврзува да изградиме силна, демократска и стабилна држава, каде што секој граѓанин без разликa ќе се чувствува еднаков и почитуван.
На оваа годишнина, мојата порака до граѓаните е да се обединиме околу вредностите на сплотеноста и посветеноста за исполнување на аспирациите на нашата земја. Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот. Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава, каде што нашите разлики ќе бидат богатство, а не пречка. Само со сплотеност и заедничка посветеност можеме да ја реализираме визијата за посветла иднина на нашата држава и за идните генерации“, порача Гаши.
Тој додаде дека државата 34 години по прогласувањето на независноста, напредувала во многу аспекти и стекнала почит на меѓународната сцена. ,,Како стабилен сојузник на НАТО и како земја кандидат за членство во Европската Унија, ова е момент кој од нас бара да продолжиме со напорите за изградба на побезбедна и посветла иднина за идните генерации“, рече Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…
Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…