Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
Игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез и неговиот помошник биле уапсени додека се обидувале да продадат десетина византиски икони и две евангелија за 200.000 евра, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, грчката полиција спровела акција и игуменот бил уапсен во моментот кога се обидел да ги продаде византиски реликвии на полицаец кој се претставил како купувач.
Во случајот, освен игуменот и неговиот помошник, уапсени се уште четири лица, кои биле вмешани во продажбата.
Грчките медиуми објавија дека двете евангелија се од 1737 и 1761 година, а Министерството за култура на Грција ќе ги истражи реликвиите за да се процени нивната религиозна и трговска вредност.
Манастирот Успение на Пресвета Богородица, познат и како манастир Мега Спилео (Голема пештера) се наоѓа во Калаврита, во северниот дел од Пелопонез, изграден на отворот на голема пештера, а старите традиции го припишуваат основањето на манастирот на солунските браќа монаси Симеон и Теодор и го поврзуваат со чудесното наоѓање на познатата икона на Пресвета Богородица во пештерата во 362 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските…
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи,…
Иран постави услови за нормализирање на пловидбата…
Иран нема да дозволи нормализирање на пловидбата…
Јеменската влада најави голема операција против Хутите
Јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија најави…
Тајзи доби син, на бебето му дадоа…
Ова е најубавиот ден во нашите животи.…
Русија четврти ден ги напаѓа мостовите во…
Русија четврти ден по ред ги напаѓа…