Шукова: Независноста е обврска за иднината, потребни ни се функционални институции и храбри реформи

t

По повод Денот на независноста, потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска положи свежо цвеќе на гробовите на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.

Во својата изјава, Шукова потсети на храброста на граѓаните кои пред 34 години избраа самостојна и слободна Македонија:
„На Денот на независноста се потсетуваме на храброста со која граѓаните избраа држава што ќе значи правда, достоинство и еднакви можности за сите. Но реалноста не секогаш ја следеше таа визија. Затоа денес, повеќе од кога било, ни треба енергија на граѓанска одговорност, солидарност и отпор кон рамнодушност. Потребни ни се функционални институции и храбри реформи што ќе донесат еднаквост за сите граѓани.“

Шукова истакна дека европската перспектива не е далечна идеја, туку секојдневна борба за подобро образование, чист воздух, сигурни институции и општество по мерка на граѓаните.
„Верувам дека Скопје може да стане симбол на таа нова надеж – град каде што секој ќе се чувствува вреден, заштитен и слушнат,“ додаде таа.

Шукова упати честитки до сите граѓани:
„Нека ни е среќен 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Независноста е обврска за иднината, потребни…

По повод Денот на независноста, потпретседателката на…

Професорот Трајковски нуди решение за сообраќајниот хаос…

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во…

Вардариште не може да се претвори во…

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје,…

Лишен од слобода дилер во Скопје, запленети…

На 31.08.2025 околу 19 часот на ул.…

„Систем, не спектакли и пи-ар“: Шукова и…

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ,…