Петтемина повредени во сообраќајката на патот Маврово-Гостивар се надвор од животна опасност
Четворица од повредените се пренесени на скопските клиники, а еден е задржан во болницата во Гостивар.
Петтемина повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информира дека четворица од повредените се пренесени на скопските клиники, а еден е задржан во болницата во Гостивар.
„Повредените не се во животозагрозувачка состојба, но заради карактерот на повредите со амбулантни возила се испратени на лекување на скопските клиники“,изјави Реџепи.
Поради сообраќајката, која се случи попладнево околу 16 часот, сообраќајот на оваа делница беше во прекин до 18:30 часот кога е нормализиран и пуштен во двата правци без застој.
Во сообраќајната несреќа учествуваа четири моторцикли и четири патнички возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
12-годишно дете нападнато во училиште во Гостивар
На ден 16.10.2026 во 16:20 часот во…
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…
60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…