Вистината за воздухот кој нѝ го уништува мозокот — научниците откриваат шокантна врска меѓу загадувањето и деменцијата

t

Загадениот воздух не само што ја зголемува опасноста од респираторни и кардиоваскуларни болести, туку предизвикува и други проблеми. Новите откритија од Универзитетот Џон Хопкинс покажуваат дека штетните честички од издувните гасови и индустриските емисии го разоруваат мозокот, предизвикувајќи опасна форма на деменција позната како деменција на Леви. Оваа болест е третa пораспространета по Алцхајмеровата и васкуларната деменција.

Сè почнува со микроскопските честички РМ2.5, кои ги вдишуваме секој ден. Овие честички преку крвотокот навлегуваат во мозокот. Таму го менуваат нормалниот протеин алфа-синуклеин — кој е клучен за функционирањето на мозокот — претворајќи го во токсични „телца на Леви“. Тие постепено ги убиваат нервните клетки и ја уништуваат мозочната структура.

Во експеримент што траел 10 месеци, глувци секој втор ден вдишувале честички РМ2.5. Научниците ги поделија на две групи: едната со нормален алфа-синуклеин, другата без (генетски модифицирани). Кај глувците со нормални протеини нервните клетки масовно умирале, мозокот се намалил, а когнитивните функции се влошиле. Кај глувците без алфа-синуклеин — речиси и да немало штета.

Истражувачите анализирале медицински податоци за 56,5 милиони Американци, хоспитализирани меѓу 2000 и 2014 година со изменет протеин алфа-синуклеин. Користејќи ги регионалните поштенски кодови, докажале: колку подолго човек живее во загадени области, толку е поголем ризикот да добие сериозна форма на деменција.

Проблемот е присутен насекаде: во индустриските емисии, издувните гасови, па дури и во чадот од шумските пожари. Главниот автор на студијата, доктор Сјаобо Мао, потенцира: За разлика од генетиката, квалитетот на воздухот можеме да го контролираме. Подобрувањето на животната средина е директен пат кон превенција на деменцијата и заштита на мозокот на идните генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вистината за воздухот кој нѝ го уништува…

Загадениот воздух не само што ја зголемува…

(Видео) Вицепремиерот на Мицкоски одби да одговори…

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој…

МВР со детали за опожареното возило на…

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека…

Лидерите на Европската зелена партија бараат од…

Петте највисоки членови на Европската зелена партија…

Израел планира копнена офанзива и нареди иселување…

Израелската војска во вторник им нареди на…