Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е подметнат
Постојат сомнежи дека пожарот во депонијата Дрисла е предизвикан намерно, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потсетувајќи дека летово имавме рекордно високи температури, но Дрисла не се самозапали.
-Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појаси за да не се дозволи огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек, посочи Ангелов.
Претходно тој инфрмираше дека пожарот не е алармантен, дека се работи на негово гаснење, но оти гасењето пожар на која било депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запалливи гасови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“…
Постојат сомнежи дека пожарот во депонијата Дрисла…
Нема активни пожари на отворен простор, 13…
До 21:00 часот на територија на цела…
Пожарот над селото Луке – Крушопек е…
По интервенцијата на надлежните институции, пожарот кој…
Три пожари се активни: Гори во Липково,…
На 18 август 2025 година, до 12:00…
Активни три, изгаснати дваесет и осум пожари…
На ден 12/13.08.2025 година, до 08:00 часот,…