Објавено на:

Белата куќа: Трамп се чувствува лошо затоа што Израел го нападна Хамас токму во Доха

t

На брифинг во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека израелскиот напад врз Доха, кој погоди комплекс каде што престојуваа високи лидери на Хамас, „не придонесува за израелските или американските цели“. Сепак, таа додаде дека претседателот Доналд Трамп сè уште верува дека елиминацијата на Хамас е „достојна и легитимна цел“

Ливит нагласи дека Катар е близок сојузник на Соединетите Американски Држави и дека Трамп се чувствува многу лошо во врска со локацијата на нападот. Таа додаде дека претседателот работи „активно и решително“ за да постигне мир.

Според неа, по нападот, Трамп разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и емирот на Катар.

Израелскиот премиер Нетанјаху претходно потврди дека лично одобрил „хируршки прецизен удар“ врз лидерите на Хамас во Доха, а израелската армија и Шин Бет објавија дека станува збор за заедничка операција против „врвното раководство“ на таа организација. Катар остро го осуди нападот, нарекувајќи го грубо кршење на меѓународното право, додека Хамас соопшти дека неговата преговарачка делегација преживеала, но во нападот загинале шест лица, вклучувајќи го и синот на главниот преговарач Калил ал-Хаја

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…

Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…

Одборот за мир – иницијативата предводена од…

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…

Израел гради огромен песочен ѕид за да…

Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…

Џеј Ди Венс: Дел од израелската влада…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека…