Кавадарчанка и стружанец уапсени поради предизвикување на пожари

t

Приведени две лица во кавадаречко и струшко поради предизвикување пожар.

Како што информираат од МВР, вчера (09.09.2025) во 16:45 часот во село Кошани, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци, ја лишиле од слобода В.В.(34) од село Бегниште, кавадаречко, поради сомнение дека околу 14:00 часот на својата нива кај место викано „Рамна“ на локален пат село Бегниште – село Кошани запалила стари предмети, а пожарот се проширил и зафатил родни дрва нејзина сопственост и три лозови насади, сопственост на М.Т.(41) и З.П.(45), двајцата од село Бегниште и К.Т.(74) од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема.

Исто така, вчера во 11:20 часот во с. Лабуништа, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта го лишиле од слобода Ќ.Б.(83) од с.Лабуништа. Тој се сомничи дека околу 10:00 часот запалил сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил стрниште. Пожарот бил изгаснат од месното население и од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…