Еди Рама ја претстави „Диела“ – виртуелната министерка во неговиот кабинет

t

Во новиот состав на владата, премиерот Еди Рама ја претстави „Диела“ – првата министерка создадена со вештачка интелигенција, што претставува пресвртница во политичкиот живот на Албанија.

Диела ќе има задача да ги надгледува јавните набавки и да го олеснува функционирањето на институциите. Без физичко присуство и ограничувања од географија, таа ќе работи преку дигитални канали, отворајќи ново поглавје во начинот на кој може да изгледа управувањето.

„Првпат во историјата на Албанија имаме министер кој е целосно дигитален. Диела ќе ни помогне да бидеме побрзи, поефикасни и потранспарентни,“ рече Рама на Националната асамблеја на Социјалистичката партија.

Тој истакна дека дигитализацијата и иновациите се клучот за иднината: „Партиите се менуваат на секои четири години, но нашата обврска е да ја водиме државата кон 2050 година. Диела е доказ дека гледаме напред.“

Воведувањето на виртуелна министерка привлече внимание и надвор од Албанија, предизвикувајќи интерес и дебати за улогата на вештачката интелигенција во владините процеси

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Историска снимка од првата средба на…

Весникот „Македониум“ за првпат објавува драгоцена архивска…

СЕМЕЈСТВОТО АПЕЛИРА ЗА ПОМОШ: 4-годишно дете од…

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа…

Ваљон Бела и Бекир Халими се прогласени…

Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи…

Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за…

Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни…

Албанија и Германија потпишаа договори за финансирање…

Албанија и Германија потпишаа три договори за…