(Видео) Мециновиќ: Нема да дозволам приватизација на Дрисла како што планира Мицкоски
Премиерот и официјално ги потврди информациите на Левица. Изјавата на Мицкоски уште еднаш ја разоткри вистинската намера на ДПМНЕ доколку ја преземе власта во Град Скопје – ќе спроведе масовна приватизација на јавните претпријатија преку јавно-приватни партнерства, објави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.
– Последните четири години, сведоци сме на систематско техничко и финансиско колабирање на јавните претпријатија. Ова е свесна стратегија преку која на граѓаните полесно им се продава приватизацијата како единствено решение.
Левица е категорично против моделот на Мицкоски и ДПМНЕ. Нашиот концепт е јасен:
јавните претпријатија треба да бидат народни претпријатија, управувани професионално и во интерес на граѓаните, а не на приватниот профит!
ЈП „Дрисла“ е единственото профитабилно претпријатие во градот. Јавно-приватно партнерство нема да донесе подобрување, туку ќе донесе само приватен профит на штета на граѓаните. – вели Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мециновиќ: Нема да дозволам приватизација на…
Премиерот и официјално ги потврди информациите на…
Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно…
*Фејсбук објава на партијата Левица Случајот со…
Левица: Нов скандал на власта – Јанушев…
Левица утрово обвини дека Владата на премиерот…
Левица: 34 години независност – Македонија сѐ…
По повод одбележувањето 34 години независност, делегација…
Мециновиќ предупредува: Има план за приватизација на…
Има план за приватизација на јавното комунално…