Треба да се знае кога горат литиум-јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид, алармира Шанса за Центар
Во рециклаторен центар, соработник на организацијата „Нулта отпад“, избувна пожар во кој, според информациите, се зафатени и литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и друг електронски отпад, велат од Шанса за Центар.
Гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД, инаку оваа компанија е овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков електронски отпад. Треба да се знае кога горат литиум- јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (HF), која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Спореде европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.
☠️Кога гори електронски отпад во кој многу често има печатени плочки, пропратна пластика и други материјалот како олово (Pb), кадмиум (Cd), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu) и цинк (Zn) со горењето се создаваат соединенија кои ги содржат овие елементи. Дополнително литиум-јонските батерии при горење развиваат многу високи температури (од 800- па до 1600 степени зависно од јачината) дури прават и мини експлозии. Се надеваме дека пожарникарите се соодветно заштитени“, велат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР потврди: Акција за осомничени за финансиски…
Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата…
Секој ден нов напад – дали е…
На градилиште пред седиштето на фирма за…
Соработниците на Трамп сакаат „потивка“ војна до…
Најблиските помошници на претседателот Доналд Трамп се…
Уапсен маж на железничката станица во Брисел:…
Маж е уапсен на главната железничка станица…
Путин: Потегот на Норвешка е тероризам
Рускиот претседател Владимир Путин го опиша запленувањето…