Крсте Петревски е носител на листата за советници во Кисела Вода од коалицијата на ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР
Крсте Петревски е носител на листата за советници во Советот на Општина Кисела Вода од коалицијата на ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.
– Денеска направивме голем чекор напред – официјално ја поднесовме нашата листа за советници во Општина Кисела Вода. Гордо ја предводам коалицијата „ИСКУСТВО за УСПЕХ“ (ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР).
Што носиме? Носиме план, визија и решенија:
Модерна Кисела Вода – каде урбаното планирање е паметно, а не хаотично.
Урбана Кисела Вода – со улици, паркови и инфраструктура што одговараат на темпото на живот денес.
Чиста Кисела Вода – каде зеленилото не е луксуз, туку право на секој граѓанин.
Не ветуваме празни зборови. Ветуваме работа, искреност и посветеност.
Моето искуство е вашиот штит и ваша гаранција – дека вашиот глас нема да остане неслушнат во Советот.
Заедно можеме да создадеме општина во која ќе сакаме да растат нашите деца, да напредуваат младите и да уживаат највозрасните.
Поддржете ја нашата листа – за Кисела Вода што дише, живее и е вистински дом за сите генерации! – напиша Петревски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крсте Петревски е носител на листата за…
Крсте Петревски е носител на листата за…
Зајкова од состанокот на АЛДЕ во Хелсинки:…
На Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали…
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
ГРОМ е изненадена од леснотијата со која…
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ е изненадена…
ЛДП предлага да се забрани ТикТок: „Време…
ЛДП најостро го осудува неодговорното и неконтролирано…