Кој ќе одговара затоа што сред населено место со години се складирал екектронски отпад?
Се уште многу прашања остануваат да лебдат во вода околу одговорите кои треба да ги дадат инспекциите кои се на терен во складилиштето за електронски отпад во Трубарево кое вчера гореше.
Се земаат примероци од вода воздух и почва, кои ќе треба да дадат одговор на тоа што дишеме но и дали се направени било какви пропусти во работењето на објектот и издавањето лиценци за дозвола за работа. Веќе и обвинителството информираше дека отвара предмет . А директорката на инспекторатот за животна средина Ивана Гиновска денеска посочи дека Објектот во Трубарево поседува важечка дозвола за управување со отпад во 2021 година, со важност до 2031 година.
Но и дека истрагата треба да покаже дали воделе евиденција колу увезувале и колку извезувале од тој отпад и како тоа се преработувало . За останатите прашања поврзани со здравјето на жителите пак врз база на испитувања и наоди одговор ќе треба да даде институтот за јавно здравје .
Се уште нема ниту конкретен одговор која е причината за настанатиот пожар иако и првиот човек на ДЗС Стојанче Ангелов но и премиерот се сомневаат на како што велат хибриден напад од внатрешен и надворешен фактор .
Одговорност и казнети мора да има вели и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити иако како што рече тој лично не чувствувал никаква одговорност бидејќи во текот на целиот ден вели бил во комуникација со институциите кои биле на терен .
Вчера од Трубарево изјава за медиумите не даде ниту премиерот Мицкоски на прашање на ТВ 24 каде бил вчера од владата само кратко посочија дека бил во постојана координација со институциите . Инаку „Ф-Групација“ која се занимава со електронски отпад претрпува непроценливи штети во пожарот кој ги зафати нејзините објекти во скопско Трубарево. Оваа фирма работи од 1998 година и е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии, но и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила и секаков електронски отпад. На ниво на цела територија на земјата има околу 50 тина такви објекти за складирање на различни сорти на отпад иако не сите работат со електроника но Ф Групацијата е најголема од таков тип информираа денеска од инспекторатот . МВР веќе информираше дека привеле четворица меѓу кои и сопственикот управителот на погонот и уште две лица други лица .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ќе одговара затоа што сред населено…
Се уште многу прашања остануваат да лебдат…
Една жителка на Трубарево хоспитализирана, здравствените власти…
Точно е дека се чувствува лоша миризба,…
Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради…
Директорот на Центарот за управување со кризи,…
Поради пожарот во Трубарево, од утре онлајн…
Министерството за образование и наука информира дека…
Нема отстапки на параметрите за радијација во…
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска денеска соопшти…