Министерството за здравство конечно со препораки: Затворете ги вратите и прозорите и исклучете ги климите ако вовлекуваат воздух од надвор
Институтот за јавно здравје, преку Министерството за здравство, издаде низа препораки за заштита на здравјето на населението во услови на евентуално загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, особено поради активните пожари и чадот што се шири над делови од Скопје.
Граѓаните кои живеат во подрачја каде постои ризик од загаден воздух се советуваат да останат во затворени простории со затворени прозорци и врати, како и да ги исклучат системите за вентилација и климатизација кои вовлекуваат надворешен воздух.
Особено ранливи категории се лицата со респираторни заболувања, децата, старите лица и бремените жени, кои треба да избегнуваат активности на отворено. При неопходно движење во близина на опожарени подрачја, се препорачува користење соодветни заштитни маски.
Установите за згрижување стари лица се повикани да преземат дополнителни мерки за минимизирање на изложеноста на нивните корисници, а сите граѓани да бидат внимателни на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очи, нос и грло. При појава на вакви симптоми, се препорачува веднаш да се побара медицинска помош.
Граѓаните исто така треба да се воздржат од контакт или приближување до отпад во погодените подрачја сѐ додека надлежните институции не дозволат пристап, како и редовно да ги следат официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот.
Од Министерството потенцираат дека целта на овие мерки е намалување на непосредните здравствени ризици и заштита на целата заедница, додавајќи дека граѓаните мора строго да ги почитуваат инструкциите на јавноздравствените институции и службите за итна помош, вклучително и евентуални насоки за евакуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за здравство конечно со препораки: Затворете…
Институтот за јавно здравје, преку Министерството за…
Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе…
Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе…
(Фото) Кој е последен нека ги изгасне…
Вечерва, зградата на Владата на Македонија е…
Македонија гласал против НАТО во ОН! Величковски…
Северна Македонија, со Србија и Унгарија не…
Новинарот Чанчаревиќ: Фрапантно е отсуството на министрите…
Фрапантно е отсуството на министрите за животна…