Д-р Филипче: Да се обезбедат медицински прегледи и психолошка поддршка за сите засегнати од пожарот во Трубарево

t

-Состојбата по вчерашниот пожар во Трубарево е сериозна и бара итна, координирана реакција на институциите. Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, но и да бидат заштитени од државата. Тоа е нивно основно човеково право, а должност на институциите е да им го обезбедат – напиша на фејсбук лидерот на СДСМ, Д-р Венко Филипче.

-Одговорноста не е само во гасењето на пожарот, туку и во справувањето со последиците, кои може да бидат долгорочни.

Затоа, јавно барам следниве конкретни чекори:

Прво, да се овозможи медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови.

Второ, да се направат лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата – со јасен фокус на диоксини, тешки метали и HF остатоци. И не само тоа – туку тие резултати да бидат транспарентно објавени.

Трето, мора да се обезбеди и психолошка поддршка – за жителите, за пожарникарите, за сите што беа на лице место. Не можеме како држава да ги оставиме сами со траумата.

Дополнително сметам дека зоната од 400 метри е недоволна, апелирам да се воспостави зона од 500 до 2.000 метри во која ќе има јасен протокол: затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движење, и активирање на систем за јавно предупредување со СМС-пораки и локални медиуми. Тоа се минимални стандардни мерки во ситуации со можен ризик од загадување.

Очекувам и мобилни мерни станици кои ќе мерат загадување во реално време, особено по правците на ветерот.

Исто така, потребно е долгорочно да се следи квалитетот на почвата и водата, да се обезбедат препораки до населението, дали смеат да користат земјоделски производи, дали е потребна дезинфекција на јавни површини, што можат сами да преземат.

За крај, потребна е целосна истрага за тоа што се случи, зошто немало контрола, каде затаиле протоколите и кој ќе понесе одговорност.

Наместо конфузни изјави и политички спинови, луѓето очекуваат одговори и решенија – напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…