Трамп подготвен за нови санкции, ама кога НАТО ќе престане да купува руска нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе „големи“ санкции врз руската нафта доколку земјите од НАТО го сторат истото.
Трамп, еден ден откако изјави дека го губи трпението со рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина, изјави дека е „подготвен да воведе големи санкции врз Русија кога сите земји од НАТО ќе се согласат и ќе почнат да го прават истото и кога сите земји од НАТО ќе престанат да купуваат нафта од Русија“, напиша Трамп во објава на Трут сошал.
Многу европски земји намалија или престанаа да купуваат руска нафта, но неколку сојузници на НАТО – вклучувајќи ја и Унгарија – ги блокираа построгите предлози на Европската Унија насочени кон енергетскиот сектор на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…