Алиу: Хоспитализирани четири лица меѓу кои и директорот на ЦУК – тројца се пуштени на домашно лекување

t

Министерството за здравство Азир Алиу денеска од пред Клиниката за токсикологија рече дека во моментов во болница останува само едно лице – жителка на Трубарево која живеела во близината на пожарот, додека другите три лица се веќе на домашно лекување.

Алиу рече дека лекарска помош побарал и директорот на ЦУК, Мухамед Али.

„Од вчера министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата со пожарот во Трубарево, и следиме се што се случува од здравствена гледна точка. Четири лица се хоспитализирани, тројца се веќе на домашно лекување, четвртиот пационт е хоспитализиран во Клиниката за Токсикологија, и е надвор од животна опасност. Се прават испитувања, и се надеваме дека брзо ќе биде испуштен.

Направени се протоколи за да може и адаптирани ако има потреба да се интервенира во некој дел. Инситутот за јавно здравје излезе со препораки и важат и за денеска.

Еден од нив е жител, кој што живее во непосредна близина на пожарот, едниот е припадник на АРМ, едниот е директорот на ЦУК, еден е полицаец. Жителката која живее таму е хоспитализирана на Клиниката за токсикологија. Нема компликации, но стручните лица одлучил да продолжи да се лекува тука. Имала симптоми на вртоглавица и кашлица, и јас апелирам секој кој има вакви симптоми, да се јави на лекар“, рече Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…