Томевски: Пожарот во Трубарево е под контрола, до крајот на денот ќе биде целосно затрупан и обезбеден

t

Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од локацијата каде изби пожарот. Сега се работи на догасување и проверување дали има остатоци од самото горење, информира денеска командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томевски.

„Мирисот од пожарот веќе е интензивно намален, го нема оној интензивен препознатлив мирис кој беше на почетокот. Се надевам дека до крајот на денот целосно ќе биде затрупана и обезбеден како депонија, односно нема да има исчадување од неа“,изјави Томевски одговарајќи на новинарско прашање во Трубарево.

Тој додаде дека станува збор за тежок пожар кој е исто така тежок за гаснење, но, оти од професионален аспект може да каже оти интервенцијата е успешна благодарение на координацијата на сите институции. 

„Според обемот, пожарот имаше зафатено големи параметри. Освен нашите капацитети, преку главниот штаб и општините беше ангажирана дополнителна механизација, камиони со кои почнавме да нанесуваме песок за да се спречи ширењето на црниот чад кој се гледаше оддалеку. Некаде во доцните часови пожарот е локализиран, немаме активно горење, само чадење на локалитетот. На почетокот на наредниот ден дополнителна акција, со ангажирање на дополнителна механизација која што ни помогна во целост да го ставиме пожарот од контрола“,рече Томевски.

Тој дополни дека ниту еден од пожарникарите не е повреден, односно, сите се безбедно вратени дома.

„Вакви пожари се тешки пожари, кои тешко се гасат, но, благодарените на организираноста на сите институции во државата успеавме брзо да го ставиме под контрола што дури и за мене беше изненадување“,рече командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Томевски информираше дека поради обемот на пожарот била побарана дополнителна помош како од главниот штаб, така и од АД ОКТА, кои излегле во пресрет со хемиска пена со која побрзо пожарот бил ставен под некоја контрола, како и АД Макпетрол кој исто така донирал 4 000 литри пенило, бидејќи резервите на противпожарните бригади, околу 3,5 тони, биле потрошени во првичниот удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Томевски: Пожарот во Трубарево е под контрола,…

Пожарот кој изби во објект со електронски…

ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување…

Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување…

Анализа на вода, ограничување на ученици и…

Министерството за животна средина и просторно планирање,…

Мицкоски: Пожарите се подметнати од центри на…

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево…

Алиу: Хоспитализирани четири лица меѓу кои и…

Министерството за здравство Азир Алиу денеска од…