Една жителка на Трубарево хоспитализирана, здравствените власти тврдат нема простор за паника

t

Точно е дека се чувствува лоша миризба, но засега не се потребни дополнителни мерки, бидејќи параметрите не покажуваат потреба од такво нешто, нагласи денеска министерот за здравство, Азир Алиу, кој исто така информираше дека четири лица побарале лекарска помош по пожарот во складиштето за рециклирање отпад во скопско Трубарево.

На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево со вртоглавица и кашлица, како последица на пожарот, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец, веќе се пуштени на домашно лекување и сите се надвор од животна опасност.

Алиу најави дека Владата денеска на онлајн седница ќе донесе одлука учениците од училиштата во неспосредна близина на локацијата на пожарот да следат настава онлајн една недела. Директорката на Институтот за Јавно Здравје, Марија Андоновска соопшти дека според мониторингот што го прават тие, нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот.

Андоновска апелира да се следат дадените препораки коишто, како што рече, се во согласност со сите светски стандарди и колку и да изгледале едноставни и обични доколку се почитуваат, особено од граѓаните од ранливите групи можеле да придонесат да нема здравствени проблеми.

A со реакција се огласи и докторот токсиколог Андон Чибишев, кој пак предупреди на сериозни последици по здравјето на граѓаните.

ФЕЈСБУК СТАТУС НА Д-Р. АНДОН ЧИБИШЕВ

“Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, фруорводород, пареи од тешки метали. Овие отровни гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени, хроничните болни. Апелирам граѓаните да затворат прозорци, да не излегуваат надвор без посебни потреби и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет.”

Инаку, Министерството за внатрешни работи им препорача на жителите кои се во радиус од 150 метри од центарот на пожарот да ги напуштат домовите. Сè уште не се знае кога ова население, кое живее во близина на објектот во скопско Трубарево ќе може да се врати во своите домови. И понатаму се чекаат анализите за да се знае дали средината е безбедна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради…

Директорот на Центарот за управување со кризи,…

Поради пожарот во Трубарево, од утре онлајн…

Министерството за образование и наука информира дека…

Нема отстапки на параметрите за радијација во…

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска денеска соопшти…

„БОЈКОТ НА НАСТАВА, НА РАБОТНО МЕСТО, НА…

Жителите на скопските населби Ново Лисиче, Лисиче,…