“Загадувањето е само визуелно, умирањето реално”: Аеродромци повторно се собраа на протест

t

Жителите на Аеродром и Гази Баба веќе две недели секој ден се собираат на протест и ја блокираат раскрсницата помеѓ булеварите АСНОМ и Србија, во знак на револт поради загадениот воздух кој со години го дишат во населбите.

Периодов пожарите во депонијата Вардариште зачестија, а деновиве сведоци сме и на нови пожари како оној во депонијата Вардариште и вчерашниот во Трбарево. Сите тие уште повеќе го загадија воздухот во Скопје, а жителите на овој дел од градот се најизложени, поради тоа тие секојдневно излегуваат на протест, како што ветија, до решавање на проблемот.

На транспарентите кои ги изложуваст можат да се прочитаат пораки како “Загадувањето е само визуелно, умирањето реално”, “Премиерот дише ист воздух или има друг?”, “Ако те мрзи да одиш на протест, нема да те мрзи да одиш на доктор”, “Аеродром зелено гето”, “Сакам да дишам” и слично.

Денес повеќето граѓани кои излегоа на протестот беа со заштитни маски на лицето, бидејќи се уште постои опасност по здравјето поради токсичниот чад од вчерашниот пожар, а властите велст дека допрва треба да се испитува што се има во воздухот, водата и почвата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…

Четири борби, четири победи и ниту една…

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…