Онколошка пациентка со остра порака: Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни

t

Академскиот сликар и онколошки пациент Анжелика Колева со емотивна и остра порака преку социјалните мрежи се обрати до властите и јавноста за проблемот со загадувањето и системската негрижа. Таа вели дека луѓето кои носат одлуки не се соочиле со тежината на канцер и затоа им е лесно да се занимаваат со предизборни кампањи наместо да преземат итни мерки за заштита на граѓаните.

„Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи наместо да ангажирате сѐ што е војска и полиција да ги чува депониите. Не сте чекале ред на Онкологија за хемотерапија, затоа ви е океј да дишеме ваков воздух на смрт што мириса“, напиша Колева.

Таа посочи дека додека семејствата на пациентите се тресат пред оперативни сали, властите гледаат „сонце на чисто“, а нивните деца учат на безбедно во странство, додека туѓите деца се трујат дома. Колева потсети и на трагедијата во Кочани, како и на проблемите во Онкологија, теми кои, според неа, брзо исчезнале од вниманието на јавноста.

„Ова е растроена нација, психички оболена за лајкови и интеракција на мреживе. Народот е непотресен за ништо – освен за продолжен викенд да врзе. Составот на државата е од партиски полтрони и ништо повеќе од тоа. Во состојба сте да се угушите самите себеси“, додаде Колева.

На крај, таа саркастично порача: „Ставајте маските… да се заштитите де! Каков народ – таква држава. Толку!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Има можност за склучување мировен договор…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…

Се издавале одобренија за градење на фотоцентрали…

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…

Холандија повлече 86 тони злато од САД…

Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…

Камионџиите од западен балкан најавија блокади –…

Професионалните возачи на камиони од земјите на…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…