Вучиќ: Она што се случува во Америка, на сличен начин се случува и во Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Осака, каде што ја започна повеќедневната работна посета, изјави дека најважно е да се зачува мирот, слободата и единството на Српскиот народ во ера на големи турбуленции и им го честита празникот на граѓаните. – пренесуваат српските медиуми
„Би сакал да им го честитам на граѓаните националниот празник, Денот на единството, слободата и српското знаме, и да кажам колку е важно во ера на големи турбуленции низ целиот свет да го зачуваме мирот, слободата и единството на нашиот народ. Единството на нашиот народ и во земјата, во регионот и насекаде на планетата. Денес ќе го одбележиме националниот ден тука во Јапонија на многу свечен начин во главниот павилјон на Експо, заедно со државниот министер Ито Јошимото“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој рече дека српската делегација уште еднаш ќе им го честита националниот ден на граѓаните, но во исто време ќе ја претстави Србија на најубавиот можен начин. Тој изјави дека она што се случува во Америка се случува на сличен начин и во Србија и во многу земји низ светот и дека луѓето повеќе нема да го толерираат тоа.
Вучиќ рече дека собирите против блокадите ќе бидат побројни и дека на граѓаните им станало јасно како одат работите во Србија и каде одат, како и дека нервозата кај студентите и граѓаните во блокадата и претставниците на опозицијата се зголемува затоа што, како што изјави, нивните собири стануваат сè помали и имаат сè помала поддршка од народот.
Додде дека негова должност и нанеговите соработници е да покажат дека ги почитуваат оние што размислуваат поинаку, да кажат дека се подготвени за дијалог и разговори без разлика колку нè навредуваат, нè омаловажуваат и не разбираат што се случува во главите на луѓето на српската политичка сцена“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Она што се случува во Америка,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Осака,…
Данас: Профитот на банките во Србија расте…
Банкарскиот сектор во Србија е обележан со…
Вучиќ: Мораме да се бориме за нашата…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за време…
Вучиќ: Сценаријата „Непал“ и „Чарли Кирк“ одамна…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…
Српската влада донесе одлука за зголемување на…
Српската влада на денешната седница донесе одлука…