МВР со потврда за хоророт во Велес: Ги убил поранешната партнерка и татко и па се самоубил

t

Ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, па се самоубил. Од МВР ги потврдија информациите за денешниот хорор во Велес.

– Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.
Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – стои во соопштението од МВР.

Деталите кои претходно ги објави Инфомакс прочитајте ги во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…

Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…