Црквата „Св. Константин и Елена“ конечно ќе биде осветена овој месец
По цели 13 години откако почна да се гради, црквата „Свети Константин и Елена“ на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје ќе биде осветена на 28 септември, информира Скопската епархија на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).
Осветувањето ќе го изврши архиепископот Стефан во сослужение на архиереи, а меѓу поканетите се државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми и верници.
Изградбата на храмот започна во 2012 година и таа се соочи со големи финансиски предизвици. Пари за црквата да се догради во еден момент се собираа и преку донаторски конференции.
Црквата ја градеше сега пропаднатата градежна компанија „Бетон“, која остави голем долг. Во 2021 година, бизнисменот Минчо Јорданов преку својата болница „Ре-медика“ го презеде долгот од околу 3,5 милиони евра за црквата да може да се догради, но и оттогаш поминаа повеќе од четири години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црквата „Св. Константин и Елена“ конечно ќе…
По цели 13 години откако почна да…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Антим
Роден е во Никомидија и од детството…
Денеска се празнуваат Светите Александар, Јован и…
Александар учествуваше на I Вселенски Собор во…
Денеска се празнува Преподобен Пимен Велики
Родум од Египет. Голем подвижник. Како момче…
Денеска се празнуваат светиот маченик Адријан и…
Маж и жена, обајцата од благороден и…