Тетовчанка платила 14.000 евра за стан во Германија – сфатила дека е измамена кога „продавачот“ и кажал дека ќе оди во затвор
На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од Косово за сума од 14.000 евра.
Според пријавеното, тој се претставил како директор на градежна фирма во Германија, а го запознала преку колешка од Косово, со која работат заедно во Данска.
Како што е пријавено, таа со него се договорила да купи стан во Германија и во текот на март 2025 година преку брз трансфер на пари во три наврати му ги пуштила парите.
Исто така, според пријавеното, после некое време го побарала да види до каде е работата со станот, при што тој ја информирал дека ќе треба да лежи во затвор затоа што бил осуден, по што сфатила дека била измамена и случајот го пријавила и во Косово и во СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…