Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва меѓу граѓаните во Свети Николе изјави дека секој ден сме сведоци на хаос во институциите, на тотална партизација, на селективна правда, на немање никакви реформи во правосудството и дека со ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ќе останеме периферија и на Балканот.

“На што сведочиме? Сведоци сме секој ден на хаос во институциите, на тотална партизација, на селективна правда, на немање никакви реформи во правосудството, на стагнација на платите, на неконтролиран раст на цените, на целосно запрен евроинтегративен пат на земјата. Нешто што е стратешки правец од 1991 година наваму. Што ќе бидеме ако продолжи ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и ВЛЕН без контрола да владеат? Ќе бидеме тешка периферија на Европа, Албанија ќе биде Европа за нас, ќе тонеме во сиромаштија и ќе имаме 7 милијарди евра кредити за враќање. И ништо друго.

Во Делчево, 90 од 100 матуранти се запишале на факултет во Бугарија. Никаква перспектива нема за младите, младите нема да ги враќаат кредитите на ДПМНЕ, тие ќе се иселат надвор од земјата. Тоа е нашата иднина ако не ја промениме оваа состојба.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…