Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно ја повика Европа да не го следи примерот на Шведска, продолжувајќи ја со тоа вербалната караница со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Сочувствуваме со шведскиот народ – заробен во хаос додека нивните лидери го поминуваат времето покажувајќи со прст. Да ги погледнеме фактите, напиша Орбан.

„Унгарија: 0 бомбашки напади, 0 нелегални мигранти, 132 фатени шверцери на луѓе, 16.000 нелегални мигранти фатени само во 2024 година. Безбедно, уредно, под контрола“.

„Шведска: 317 експлозии поврзани со банди во 2024 година, 32 овој јануари, 62.000 луѓе поврзани со криминални мрежи, 8.935 нелегални мигранти, стапка на убиства со огнено оружје четири на милион во споредба со европскиот просек од 1,6 на милион“.

Шведскиот премиер признава: „Сосема е јасно дека немаме контрола врз овој бран на насилство“.

„Законот и редот се уриваат, а сепак ни држат предавања за владеење на правото. Овој хаос не смее да биде иднината на Европа, нашите луѓе заслужуваат подобро“, напиша Орбан на X.

Ова се Швеѓаните кои ни држат предавања за владеењето на правото. Вест на неделата е дека во Шведска 284 малолетни девојчиња се уапсени за убиство – објави вчера на Х унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Не затоа што сите тие заедно убиле едно лице, туку секое посебно. Само прочитајте за тоа. Мафијата ги користела за да ги застрела своите жртви бидејќи малолетничките не можат да бидат осудени“, додаде Орбан.

Според него, ова е начинот на кој се распаднала Шведска, а откако тоа се случува, она што останува е варварство.

„Тие се одјавија од цивилизацијата. Ова е крај на процес што започна, Господ знае кога. Фазите на тој распад ги видовме, чекор по чекор, во последните 15 години. Ова е повлекување на европската цивилизација, варварство. О, патем, ова се Швеѓаните кои ни држат предавања за владеењето на правото“, рече Орбан.

Заради потсетување, претходно неделава Орбан се соочи со невообичаено остри критики од Шведска откако го критикуваше законот и редот во земјата, велејќи дека системот „се урива“. Во видео за кампањата објавено на X, Орбан ја критикуваше земјата од ЕУ, велејќи дека шведската Влада ѝ држи предавања на Унгарија за владеењето на правото, додека нејзиниот јавен ред се урива.

Унгарскиот премиер алудираше на  злосторствата на бандите во Шведска, во кои често се вклучени тинејџери регрутирани од мрежи на организиран криминал.

Повикувајќи се на текст во германскиот дневен весник „Ди Велт“ (Die Welt) Орбан напиша покрај видеото: „Криминалните мрежи ги користат шведските деца како убијци, знаејќи дека системот нема да ги осуди. Земја некогаш позната по јавниот ред и безбедност се урива“.

Орбан изјави дека 284 малолетници биле уапсени во Шведска за убиство, но шведскиот премиер Улф Кристерсон го нарече тоа „скандалозни лаги“.

„Ништо не е изненадувачки од човек кој го демонтира владеењето на правото во сопствената земја“, напиша Кристерсон, додавајќи дека Орбан очајно се обидува да обезбеди гласови пред унгарските избори следната година.

Според статија во „Ди Велт“, минатата година биле покренати прелиминарни истраги против околу 280 девојчиња на возраст меѓу 15 и 17 години за убиство, убиство без умисла или други насилни злосторства, оставајќи нејасно како вкупниот број се однесува на поединечните злосторства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно ја…

ДУИ: Мицкоски во паника – ВРЕДИ е…

Последните изјави на Христијан Мицкоски се јасен…

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора…

„Росица месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство,…

ЦУК: Трубарево и Дрисла „под контрола“ –…

На ден 17.09.2025 година, до 18:00 часот…

Уставен не поведе постапка за Правилникот на…

Уставниот суд на денешната седница одлучи да…