Трајковски: Преспанското Езеро две години губи по 50-ина сантиметри годишно од нивото, односно околу 125 милиони кубни метри вода

t

*Фејсбук објава на професорот Дејан Трајковски

Нивото на Преспанско Езеро продолжува да соборува антирекорди. За прв пат откако се вршат мерењата е пробиена психолошката граница од 841 m надморска висина – денеска е веќе 840,97 m, односно на кота -663 cm под референтното ниво од 847,60 m н.в.

Моменталното ниво е уште отсега, во средината на септември, дури 19 cm пониско од ланскиот и историски минимум. До декември има уште долг пат да се изоди и прогнозата останува за кота -690 cm.

Веќе две години езерото губи по 50-ина сантиметри годишно од нивото, односно околу 125 милиони кубни метри вода. Денеска, на пример, е цели 55 сантиметри пониско од истиот ден минатата година.

Друг пат ќе ги видиме пресметките и за вкупниот волумен на водата и просечната длабочина, но ориентационо таа изнесува се на се околу 8 m, иако поголемиот дел од дното е на длабочина од околу 9,5 m.

Нема никакво наговестување за забавување на надолниот тренд, туку напротив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…

Еколошка катастрофа кај Струмица: Езерото Мантово крајно…

Жителите на струмичката котлина со бројни реакции…