Објавено на:

Обама: САД се соочуваат со политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе

t

Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си.

По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за , како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“.

Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си.

Кирк (31) почина пред една недела од прострелна рана во вратот додека држел говор на Универзитетот Јута Вејли во Орем.

Вчера, 22-годишниот Тајлер Робинсон беше формално обвинет за убиството на Кирк, а се соочува и со обвиненија за кривични дела поврзани со поседување и употреба на неовластено оружје. Обвинителите објавија дека ќе бараат смртна казна.

Окружниот обвинител на Јута, Џефри Греј, откри дека Робинсон наводно испратил СМС-пораки во кои признава дека пукал во Кирк затоа што „му било досадено од неговата омраза“.

Во својот говор во Ери, Пенсилванија, Обама нагласи дека во моменти на голема тензија, „дел од работата на претседателот е да ги зближува луѓето“. Тој ги повика Американците да „почитуваат правото на другите луѓе да кажуваат работи со кои длабоко не се согласуваме“.

Тој ја пофали реакцијата на гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, конзервативен републиканец, кој, според Обама, покажа „дека е можно да не се согласуваш, а сепак да се придржуваш до основниот кодекс на јавна дебата“.

Тој, исто така, го поддржа одговорот на гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, демократ, чија резиденција беше нападната со молотови коктели претходно оваа година.

Поранешниот претседател ги спореди тие реакции со коментарите од Трамп и неговите сојузници. Тој потсети како не го искористил крвавиот напад од бел расист во црна црква во Јужна Каролина во 2015 година за да ги нападне политичките противници.

Тој, исто така, истакна дека по нападите од 11 септември 2001 година, претседателот Џорџ В. Буш „направил експлицитен напор да каже: „Ние не сме во војна против исламот“.

„И така, кога ги слушам не само нашиот сегашен претседател, туку и неговите помошници, кои имаат историја на нарекување на политичките противници „штетници“, непријатели кои треба да бидат „гаѓани“, тоа зборува за поширок проблем што го имаме токму сега“, рече Обама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обама: САД се соочуваат со политичка криза…

Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека,…

Претседателскиот авион на Трамп избегна судир со…

Американскиот претседателски авион, „Ер Форс Уан“, беше…

Свечен пречек со гарда и кочии: Трамп…

Британскиот крал Чарлс III и неговата сопруга…

Пентагон одобри испорака на две пратки воена…

Пентагон одобри испорака на две пратки воена…

Москва: Прерано е да се отстранат САД…

Во моментов нема основа да се зборува…