Објавено на:

Англија: Уапсени три лица под сомнение дека помагале на руската разузнавачка служба

t

Двајца мажи и една жена се уапсени под сомнение дека помагале на руската разузнавачка служба, соопшти Метрополитенската полиција.

Тие беа приведени во Есекс како дел од полициска истрага за борба против тероризмот.

41-годишен маж и 35-годишна жена беа уапсени на адреса во Грејс, додека 46-годишен маж беше уапсен на друга локација, исто така во областа Грејс во Есекс.

Командантот Доминик Марфи, началник на Командата за борба против тероризмот, рече: „Преку нашата неодамнешна работа на случаи на национална безбедност, гледаме зголемен број луѓе што би можеле да ги опишеме како „брокери“ кои се регрутирани од странски разузнавачки служби за свои цели“.

Полицијата ги претресе обете адреси во Есекс и сите тројца се ослободени со кауција и под строги безбедносни мерки додека истрагата продолжува, објави Скај њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени наркотични материи и вага во возило…

Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…