Еден ден откако Илија ја уби Росица и татко и – стигнала пресудата со забрана за приближување

t

Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица К. и нејзиниот татко Киро К. пред да се самоубие, го извршил делото и покрај две активни судски мерки за забрана, покажува пресудата на Основниот суд Велес, која обвинителството и одбраната ја примиле ден по двојното убиство, пренесе СДК

Сториелот ја прекршил првата мерка, забрана за напуштање на местото на живеење Скопје, со самото доаѓање во Велес за да го изврши убиството. Тој, исто така, не ја испочитувал ниту втората мерка – забрана за приближување и воспоставување контакт со Росица К., со тоа што ја чекал во домот на нејзиниот татко за да ја убие, пренесе СДК.

Истрагата допрва треба да утврди кога точно е убиен таткото Киро К. и дали сторителот поминал одредено време со неговото тело во куќата.

Дополнително, вештачењето на пронајдените мобилни телефони треба да разјасни дали Илија С. телефонски ја повикал Росица да дојде или таа самата пристигнала откако не можела да го добие својот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден ден откако Илија ја уби Росица…

Илија С., кој на 15 септември во…

СДСМ со жестока реакција: ГРОЗЈЕТО СКАПУВА НА…

Пред само два дена министерот за земјоделие…

Европската Унија одобри нов пакет санкции против…

Денес, претседателката на Европската комисија, Урсула фон…

(Видео) ДИВ ЗАПАД: Вооружена пресметка во Прилеп…

Прилепскиот портал Маркукуле денеска објави видео од…

(Фото) Нови детали за случувањата во Прилепската…

Прилеп денес, петок, 19-ти септември 2025 година.…