Јакимовски: Нема да молчам – ќе продолжам да зборувам гласно за секоја неправда кон Карпош и неговите граѓани
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели видео во кое ги прозва институциите да си ја вршат својата работа и да го решат проблемот со ѓубрето во општината.
„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа.
Граѓаните на Карпош не заслужуваат да им смрди отпад под носот, ниту пред колективни згради, ниту пред нивните куќи.
Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!
Јас нема да молчам – ќе продолжам да зборувам гласно за секоја неправда кон Карпош и неговите граѓани.“ – порача Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Нема да молчам – ќе продолжам…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели…
(Видео) Јакимовски: Девет нови најквалитетни игралишта во…
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели видео…
(Видео) Општина Карпош ја доби назад спортската…
*Фејсбук објава на градоначалникот на општина Карпош,…
Јакимовски: Карпош е 10 години пред сите…
Денеска, пред претставници на медиумите, градоначалникот на…
Стевчo Јакимовски влегува во трка за уште…
Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски,…