Кузеска: Учениците немаат учебници – власта излажа, Јаневска да понесе одговорност
Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учениците и понатаму немаат учебници. Власта ветуваше дека секој ученк од 1 септември ќе има учебник, септември одминува а власта излажа, учебници нема. – изјави во денешната прес – конфернција Богданка Кузеска, потпаролка на СДСМ.
Уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска. Лага која директно ги погодува децата, учениците и родителите.
Илјадници ученици се приморани да учат без учебници а тие што ги имаат се парталави, стари, оштетени.
Родителите не се должни да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат.
Наместо да преземе одговорност Весна Јаневска прво зборуваше дека проблемот ќе го решела со донации, а вчера смени лента, сега на сите што немаат учебници им вели имате PDF формат на интернет.
Обврска на Министерството за образование и на власта е секоја учебна година да почне со обезбедени учебници за сите ученици.
МОН треба да има план, логистика и контрола, и да гарантира дека секое дете во Македонија ќе учи со учебник.
СДСМ бара МОН веднаш да обезбеди учебници и да ги достави во најкраток можен рок. Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници и без основното право на квалитетно образование. – бараат од опозициската партија СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кузеска: Учениците немаат учебници – власта излажа,…
Помина цел месец од почетокот на учебната…
СДСМ: Скопјани се жртви на политички игри,…
Скопјани 4 години секој ден живеат во…
СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП…
Скопје е во тотален хаос и нефункционалност…
Јаневска: МОН ќе им обезбеди ПДФ-формат на…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на…
Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста…