Објавено на:

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

t

Израелските тенковски единици во последните 24 часа навлегоа во повеќе квартови на Газа, меѓу кои и западните делови на градот, како и области на југот.

Градот е погоден од густи облаци чад, артилериски гранатирања, експлозии и пукање, јави Си-Ен-Ен. Израелските сили се наоѓаат во областа „Beach Camp“ на западот и во близина на Исламскиот универзитет на југот на Газа.

Израелската армија користи далечинско детонирање на оклопни возила наполнети со експлозив за уривање згради, според снимки и фотографии кои ги геолоцираше Си-Ен-Ен.

Армијата тврди дека Хамас користи цивилни објекти како бази за заседи, складишта за оружје, командни центри и влезови во тунели.

Дронови и хеликоптери на израелската војска постојано патролираат над градот.

– Секојa експлозија последниве денови буквално го тресе тлото под нашите нозе – не фигуративно, туку буквално, изјави портпаролот на општината Газа, Асем Алнабих.

Израел претходно ги повика жителите да го напуштат градот.

Војската тврди дека 640.000 луѓе ја напуштиле Газа, но бројката не е независно потврдена. Сè уште десетици илјади цивили остануваат во градот без можност за евакуација. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…