Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни демократски избори во Македонија

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со безбедносната ситуација во државата која се очекува во пресрет на претстојните локални избори, изрази надеж дека изборите ќе бидат демократски.

Првиот човек на полицијата посочи дека во рамките на Министерството за внатрешни работи уште пред две-три недели е формирана оперативна акција „Избори 2025 година“ и нагласи дека се преземаат сите неопходни дејствија за подготовка на самиот изборен процес.

„Министерството за внатрешни работи уште пред повеќе од две-три недели има формирано оперативна акција ‘Избори 2025 година’. Активно работат службите, се преземаат сите оние дејствија за подготовка на самиот изборен процес и јас одржав еден состанок со Државната изборна комисија, на техничко ниво се одржани повеќе состаноци со ДИК, се подготвуваме и ги преземаме сите потребни чекори кои што се во наша надлежност. Од денешен аспект, ценам дека ќе имаме повторно уште едни демократски избори во Македонија“, рече Тошковски по Меѓународната научна конференција во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…