Зеленски: Подготвен сум за средба со Путин во Казахстан
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија преговори на ниво на лидери, па дури и во Казахстан, објави Фокс њуз .
Во интервју за „Фокс њуз“, претседателот на Украина изјави дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи претседателот на Русија.
„И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и другите лидери, и претседателот на Турција, сите понудивме да се сретнеме во Турција, Саудиска Арабија, Катар, во Европа, во неутрални држави како Австрија или Швајцарија. Рековме: „Дури и ако сакате некаде како Казахстан. Ние сме подготвени“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин, што се случи откако Трамп изјави дека рускиот лидер „го изневери“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…