Дескоска: Најблиските на Росица имаат право да ја тужат државата и да бараат надомест на штета

t

*Објава на Фејсбук на професорката Рената Дескоска

Во најновиот случај Scuderoni v. Italy (бр. 6045/24) од вчера, Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 (забрана за нечовечно или понижувачко постапување) и член 8 ( право на приватен и семеен живот).

Жалителката тврдела дека по разделбата од #партнерот била изложена на #психолошки и #физички#притисоци, контроли, #вознемирување и #закани, и дека властите не презеле навремени и соодветни мерки за нејзина заштита.

Судот констатираше дека властите не направиле „проактивна проценка на ризик“ и дека имало значителни одложувања (на пр. осум-девет месеци за судење, два месеца до регистрација на кривичната пријава) што укажува на неадекватен одговор на сериозноста на ситуацијата. Како надоместок, Судот нареди државата да ѝ исплати €15.000 за нематеријална штета и €10.000 за трошоци.

Случајот со двојното убиство и самоубиството во Велес, не смее да се затвори заради тоа што убиецот е мртов. Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за постапување во идни слични случаи и превенирање на идолентен однос на државата во случаи на семејно и друго насилство. Не може секогаш вината да се бара во наводните “дупки” во законите. А најблиските роднини на убиените во Велес, имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и Европската конвенција за човекови права и да бараат надомест на штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…