Романија ни донира специјализирано возило за справување со шумски пожари
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, покрај средбата за проширување на билатералната соработка меѓу Романија и Македонија, со државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Романија, г-дин Рајед Арафат, кој раководи со Одделот за вонредни состојби, во Романската агенција за меѓународна соработка и развој – „РоАид“ (RoAid), вчера потпиша договор за донација на специјализирано возило наменето за зајакнување на капацитетите на ДЗС во справување со шумски пожари.
Оваа донација за ДЗС претставува значаен придонес во унапредувањето на оперативната подготвеност и потврда за континуираната поддршка од страна на „РоАид“ (RoAid). Почнувајќи од 2021 година, „РоАид“ е докажан и доверлив партнер на ДЗС со веќе реализирани донации на теренско возило (ATV) и радио комуникациска опрема. Инаку, на билатералните средби за соработка, заедно со Ангелов беа раководителот на Одделението за меѓународна соработка, Валентина Атанасовска и советникот за оператива и логистика, Дејан Спасевски.
Ангелов, во име на ДЗС, изрази голема благодарност за досегашната соработка и поддршка, со уверување дека ова партнерство ќе продолжи да се развива и во иднина во интерес на граѓаните и регионалната безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…