Лишен од слобода разбојник од Струмица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот
На 24.09.2025 во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал. А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.
Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…