Левица: Иако Тошковски и Мицкоски целосно застанаа во одбрана на МВР за убиство во Велес, реалноста е дека не се постапувало по пријавите за убиецот

t

Иако министерот Тошковски и премиерот Мицкоски целосно застанаа во одбрана на МВР за ужасното убиство во Велес, реалноста е дека МВР не постапувала по пријавите за убиецот. – пишува во соопштението на партијата Левица.

Како што објави медиумот ,,Слободен печат”, министерството за внатрешни работи свесно и континуирано ги ИГНОРИРАЛО заканите од убиецот на Росица, Илија Стефановски. Од 2013 година па наваму, постојат најмалку четири пријави од различни жени во повеќе полициски станици во Скопје, поврзани со истиот насилник.

Сите тие пријави завршувале како ,,ПОПЛАКИ”, што како формулација служат за да не се извести Јавното обвинителство и да се затвори случајот без понатамошна реакција! Дополнително, МВР крие од медиумите што точно е преземено за овие пријави, освен обична административна забелешка.

До кога министерот Тошковски и премиерот Мицкоски ќе ја бранат корумпираноста во нивните редови?! Колку животи треба да згаснат за власта да преземе ОДГОВОРНОСТ за своето катастрофално менаџирање со институциите, наместо вината постојано да ја префрла на други?!

ИСТРАГА и одговорност за сите полициски службеници кои не постапиле по пријавите од 2013 до 2019 година мора да има и Тошковски мора да ја информира јавноста.

Тошковски е должен да направи итна РЕВИЗИЈА на постапките на МВР во сите случаи на семејно насилство, наместо да ги брани партиските пулени во редовите на полицијата.

Наместо владините функционери постојано да се ставаат во улога на жртви, редно е после сите трагедии предизвикано токму од системски пропусти – да покажат минимум совест и одговорност!- додаваат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…

Од МВР информираат дека се поднесени кривични…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…