Апасиев со тужба до Уставен за стопирање на упатството за радиодифузерите: „Нема да спречите пролет, дури и да ги искинете сите кокичиња“

t

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска до Уставниот суд поднесе тужба со времена мерка за стопирање на упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, според кое само „Левица“ нема да има можност за платено политичко рекламирање. Според него ова им е абер од премиерот Христијан Мицкоски преку директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

„Оваа прес-конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна политичка партија Левица кога од сите парламентарни и вонпарламентарни партии само на една партија ѝ е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми. Скандалот да биде уште поголем, не само што ни се забранети државните пари кои ни следуваат по закон, туку и доколку би имале наши пари, ние не би можеле да се рекламираме затоа што со едноставно неспомнување во четирите законски пакети ние сме изоставени комплетно како да не постоиме на политичката сцена. Ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко, Зоран Трајчевски, вечен директор на АВМУ, кои на овој начин се обидуваат да ги скратат крилјата на Левица, но сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг бидејќи народот гледа како на една партија ѝ се прави класична неправда“ – рече Апасиев.

– Ова е нечеуно што ни го прават, следно најверојатно би било да ни ја забранат партијата со подзаконски акт да не може да учествува на изборите. Нема да спречите пролет, дури и да ги искинете сите кокичиња – порача Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев со тужба до Уставен за стопирање…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска до…

Меркел: Путин и јас сме на различни…

Ангела Меркел, поранешната германска канцеларка, изјави дека…

Германец уапсен на „Табановце“

Уапсен е германски државјанин на Граничен премин…

Град Скопје поднесе кривична пријава против претседателката…

Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана…

Синот на Тони Тоневски задржан во станица:…

МВР ќе поднесе кривична пријава против Н.Т…